Најтрофејниот германски тим, минхенски Баерн, официјално го потврди трансфетот на Чилеанецот Артуро Видал.
Видал, во вторникот, успешно ги минал медицинските прегледи во Минхен по што го ставил својот потпис на петгодишниот договор со германскиот шампион.
Баерн за услугите на Видал на Јувентус му платил сума од 40 милиони евра, а играчот од средниот ред во Минхен ќе има годишна плата од 10 милиони евра.
Артуро Видал во тимот ќе го замени Бастијан Швајнштајгер кој се пресели во Премиерлигата, во Манчестер Јунајтед.
Чилеанецот кој од 2011 до оваа сезона играше за Јувентус, во периодот од 2007 до 2011 година одигра 117 натпревари и постигна 15 голови за Баер Леверкузен.