„Јас можам“-семинар на мотивацискиот говорник Снежана Билко
28.06.18 10:20
Под наслов „ЈАС МОЖАМ“, на 7-ми јули, сабота, во хотел Милениум во Охрид со почеток од 19 часот, ќе се одржи мотивациски семинар организиран од страна на мотивацискиот говорник, охриѓанката Снежана Билко од Вортекс Груп.
“Ние сме сите креатори, и сите ние ја креираме нашата сопствена реалност свесно или несвесно. Но, важно е секоја душа да сфати и да разбере дека е дојден овде во овој живот да искреира онаква реалност каква сака да живее и онаква реалност на каква што сака да сведочи.На овој мотивациски семинар ќе имате можност да научите како свесно да почнете да ја креирате својата реалност. Со помош на голем број на техники и методи зададени од моја страна, според мојата програма, ќе имате прилика да направите промени кои ќе ви создадат подобра реалност во вашиот сопствен живот. Многу луѓе имаат соништа кои само ги сонуваат наместо да ги живеат. Имате можност да научите како да стигнете до вашата посакувана цел, порачува Снежана.
Семинарот ќе биде интерактивен. На сите учесници ќе им бидат зададени неколку вежби, а воедно секој од нив ќе има можност да поставува прашања.
„Инвестирајте во себе, во својот личен раст и развој на вашата индивидуа зошто само на тој начин можете да станете едно самоспознаено и свесно битие кое ќе може да биде сам свесен креатор на својот живот. Бидете промена која сакате да ја видите кај другите и направете ја таа промена сега.
Кажете ЈАС МОЖАМ и тргнете смело кон остварување на вашиот сон!, додава Билко.
Заинтересираните повеќе информации можат да добијата на [email protected]
Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија Ревизијата на работењето на Државнат...
Во издание на „Матица македонска“ излезе патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ Книгата го враќа читателот во Охрид, Струга и езерските населби од пред повеќе од 130 годи...
Во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба денес ќе се одржи промоција на поетската збирка „Тие доаѓаат“ во издание на Опш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.