Оваа порака ја испрати на денешната пресконференција кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Асен Шајн. Тој ја претстави визијата „Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО“ – проект што, како што рече, го ставаме во срцето на нашата програма, затоа што знаеме што значи Охрид за цела држава а и за светот пошироко, рече Шајн.

Овој проект значи модернизација со почит кон традицијата. Ќе работиме на тоа Охрид да стане поуреден, почист, со повеќе зеленило, со организиран сообраќај, со повеќе култура и простори за одмор и уживање – но сето тоа без да ја нарушиме неговата автентичност, додаде тој.


Проектот, истакна Шајн, опфаќа неколку капитални зафати :

  • Обнова на старото градско јадро, со автентичен изглед.
  • Преуреден кеј и плоштад, со повеќе простор за пешаци и зеленило.
  • Плажи какви што заслужуваме – уредени, пристапни и чисти.
  • Велосипедски патеки за безбедно и еколошко движење.
  • Отворена сцена за културни настани – Охрид заслужува да биде културна сцена цела година

Сето ова ќе се прави во соработка со УНЕСКО, со стручњаци од земјата и странство, и секако – со граѓаните, потенцира Шајн.

Ќе се консултираме, ќе слушаме предлози, и ќе работиме транспарентно. Овој проект нема само да го разубави Охрид. Тој ќе донесе повеќе туристи, повеќе настани, повеќе живот во градот и нова енергија за сите нас. Време е да покажеме дека знаеме да го чуваме тоа што ни е свето, но и да одиме напред, достоинствено и паметно. Со ваша поддршка, ќе го направиме Охрид модерен, но Охрид ќе остане Охрид со својата душа, со својата убавина, со своето значење, посочи Шајн.

Г.М.