Деновиве се изврши асфалтирање на 4 краци од улицата „Радојца Новичиќ“ и 3 пристапни улици во селото Косел.

Овие активности се предвидени во планот за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година, напиша градоначалникот Константин Георгиески на фејсбук страната.


Во текот на наредните денови ќе се изврши асфатирање на уште 3 улични краци на „Радојца Новичиќ“, по што ќе следува асфалтирање на пристапни улици во селата Горно и Долно Лакочереј, додава Георгиески.

OhridNews