Во селото Косел во тек се активностите за асфалтирање на предвидените осум улички во рамки на одобрениот проект со кој локалната самоуправа аплицираше до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.

Три од уличките се веќе асфалтирани, во наредниот период се очекува нов асфалт да добијат и останатите пет во селото.

Наскоро ќе се реализира и вториот одобрен проект од агенцијата, за реконструкција на патот од Вапила до Сирула во должина од 1700 метри квадратни и изградба на нов пат во должина од 2700 метри.

Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.

OhridNews