Пропуст, или интенција? Реномираната новинска агенција Асошиејтед прес направи сериозна грешка  заменувајќи го идентитетот на петмината убиени граѓани кај Железарското Езеро. Имено во веста објавена вчера, жртвите се претставени како припадници на албанската етничка заедница, пренесува телевизијата Канал 5.


Веста била преземена од стотици корисници на сервисот на Асошиејтед прес, а по реакциите од редакцијата во Македонија подоцна истата била корегирана. Агенцијата до синоќа не дала официјално образложение за погрешно пласираната информација која предизвика дезинформираност во светот и вознемиреност во јавноста во Македонија.

Асошејтед прес инаку деновиве ја доби на Пулицеровата награда за најдобра истражувачка сторија во 2011 година.

OhridNews