Оваа сабота, на игралиштето во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош” во скопски Карпош 1, со почеток во 21 часот, ќе се игра финалето на традиционалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“. Екипите на АСП ПАК и компанија Атанасовски по убедливи настапи ја заслужија својата позиција во завршницата, а неизвесноста и динамиката на дуелот ветуваат вистински спортски спектакл.

Очекуваме фер и борбен натпревар, достоен за финале на еден ваков реномиран турнир. Нашата цел е да ја потврдиме добрата форма, да ја оправдаме довербата на нашите поддржувачи и да подариме вистински уживање за љубителите на турнирскиот фудбал, изјавија од екипата на АСП ПАК.

Турнирот е основан во чест на прерано починатиот Оливер Соколов – Сокол, еден од основачите и водачи на навивачката група „Комити”. Настанот ги обединува екипите кои играат мал фудбал ширум земјата и промовира спортски дух , а финалето секогаш носи посебна возбуда и адреналин.

Организаторите најавуваат голема посетеност и енергична атмосфера, каде публиката ќе има можност да проследи динамичен и возбудлив натпревар. Истиот ќе се пренесува во живо на МРТ 3.

OhridNews

Фото. Турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол”