Екипата на АСП Пак го освои првото место на турнирот во мал фудбал „Вевчани Куп 2015“. „Виолетовите“ во големото финале со 5-2 го совладаа тимот на Хотел Климетица.


Финалниот натпревар кој се одигра пред полни трибини започна одлично за АСП Пак кои преку Ѓоргиески поведоа со 1-0. „Жолтите“ со два погодоци возвратија и на одмор заминаа со позитива од 2-1. 


На стартот од вториот дел Ѓоргиески носи егал на семафорот, а Кочоски одновно предност за АСП Пак. Во финишот од мечот Маркоски ја дуплираше предноста, а точка на финалето стави Ѓоргиески со третиот погодок.


Третото место на турнирот во мал фудбал „Вевчани Куп“ му припадна на Мистер И кој во малото финале по изведувањето на пеналите го совлада тимот на Топ Маркет.

Измеѓу мечевите за одличјата на турнирот во Вевчани ветераните одиграа ревијален натпревар во кој подобар со 2-1 беше тимот на Дримкол.

Учесниците во финалните натпревари покрај парични награди добија ваучаери од стоматолошката ординација „Др. Баткоски“ која беше главен спонзор и иницијатор на турнирот во Вевчани.

Мх.П.