Фудбалерите на Астон Вила се првите патници на стадионот „Вембли“, каде се игра бараж натпреварот за влез во најквалитетното фудбалско друштво во Англија.

Астон Вила во двомечот го елиминираше тимот на Вест Бромвич Албион после изведувањето на пеналите. Првиот меч на „Вила Парк“ заврши во корист на Астон Вила 2-1, а во вториот ВБА победи со минимални 1-0. Правилото гол во гости во Англија не важи и екипите после триесет минути дополнителни минути не успеаја да постигнат нов погодок. Во пенал рулетот попрецизни беа фудбалерите на Астон Вила кои со 4-3 го совладаа ВБА.

Противник на Астон Вила во најбогатиот фудбалски натпревар во светот ќе и биде подобриот од Лидс – Дерби Каунти. Првиот меч заврши со победа на Лидс 1-0.

OhridNews