Составот на Астон Вила, освои важни три бодови во трката за опстанок во премиерлигашкото друштво победувајќи го Њукасл со 2-0 (2-0) пред своите гледачи на „Вила Парк“ стадионот.
Третиот триумф на домашен терен инаку четврти сезонава, Астон Вила го обезбеди со четириминутен блиц во првото полувреме. После половина час игра, домашните фудбалери со голот на Конор Хурихен поведоа со 1-0. Четири минути подоцна го дуплираа водството со погодокот на Енвер ел Гази. Њукасл, во продолжението не се опорави од шокот и остана 2-0 како конечен резултат.
Астон Вила се одлепи на четири бодови од тимот кој се наоѓа во опасната зона и направи голем чекор кон обезбедување на опстанок во елитата.
OhridNews