Ателтичарите од Македонија и соседна Бугарија ќе бидат најбројни на првиот атлетскиот митинг “Охрид 2010” кој утре ќе се одржи на СРЦ Билјанини Извори.


Претпладнево бугарската експедиција која брои околу 20 члена го одржа првиот тренинг на “Билјанини Извори“.  Составот го предводи двократниот младински светски првак во фрлање ѓуле Ѓорѓи Иванов (20.02 м), кој учествуваше на последната олимпијада во Пекинг 2008.

Јас во Охрид бев пред полни осум години и пријатно сум изненаден од она што го гледам сега. Од она што разбрав дека ќе има уште неколку натпреварувачи во мојата дисциплина и очекувам интересен натпревар. Митингот во Охрид ќе го искористам за да ја темпирам формата за европското првенство во Барселона – истакна Иванов.


Една од фаворитките во дисциплината три скок е Андрија Веселинова, чиј најдобар резултат е 13.94 м. Слично како и Иванов и таа се подготвува за европскиот собир во Барселона.

 – Немам поголеми сознанија за моите противнички, очекувам интерсен и возбудлив меч – рече Веселинова.

М.П.