И без најдобрите поединци Селман Реџеп и Александра Спасеска, атлетичарите на АК Охрид имаа успешен настап на поединечното првенство за сениори-ки во Скопје, на кое освоија 10 медали од кои 6 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

– Од настапот на моите атлетичари сум презадоволен, но жалам што на овој натпревар не учествуваа најдобрите кои се рехабилитираат од повредите кои ги добија на еден од претходните натпревари – рече тренерот Влатко Димитров.
Ohridnews