Единствено сигурен настап на Олимписките игри во Лондон, имаат атлетичарите и тоа благодарение на ““вајлд картите“ кои ги доделува светската атлетска асоцијација. Двајца атлетичари еден во машка и еден во женска конкуренција ќе бидат дел од македонската експедиција во Лондон.


– Не знам од која причина МОК ни избриша двајца атлетичари, и тоа во машка конкуренција Селман Реџеп и во женска Ивана Рожман кои немаат право повторно да учествуваат на Олимписки игри бидејќи на минатите учестуваа со “вајлд карта“.Така што две нови лица ќе одат во која конкуренција се 4 атлетичари. – вели селекторот на македонската атлетска репрезентација , Влатко Димитров.


Во машка конкуренција тоа се Кристијан Ефремов од “Перпетум Мобиле“, и Ристе Ајдаров од “Велес“, додека во женска конкуренција тоа се Александра Спасеска од АК Охрид и Христина Ристеска.


–    Ајдаров поради повреда го пропуши Купот, што значи дека Ефремов кој и во моментов е во најдобра форма е најблиску до Лондон. Неговиот резултат во моментов е околу 49 минути, но очекувам тој и да падне под 49 секунди. Ристеска (400м)  постигна солидни резултати, а времето за да биде задоволителна мора да биде под една минута, додека Спасеска потребен и е скок над 5.60 метри во далечина – додаде Димитров.

И на оваа како и на претходната Олимпијада ќе учествуваме со вајлд карта. Со подобрување на условите има надеж дека еден ден да настапиме со постигната норма.


– Овие атлетичари имаат потенцијал, но ние немаме доволно подготовки , без соодветни подготовки, како останатите секогаш ќе заостануваме. Ние имаме десетина дена во текот на цела година и тоа во време кога е најтешко е на отворено, како што имавме годинава на снег. Доколку имаме вистински подготовки и тоа 4-5 пати во годината, поврзани со натпревари на меѓународен план, и да се добијат средства за стимулаици и засилена исхрана, е тогаш нема да е проблем да се постигнат резултати кои ќе не одвеедат на Олимпијада – смета Димитров.
М.П.