Тимот на Виљареал претрпе голем удар во амбициите за пласман на местата на табелата кои водат во Европа, откако изгуби на домашен терен од Атлетик Билбао со 3-1.

Баскијците победата на стадионот „Де ла Керамика“ ја најавија со водечкиот погодок во 5-та минута. Во 51-та поведоа со 2-0. Домаќините после 15-тина минути намалија на 2-1, но гостите не дозволија турбелентен финиш постигнувајќи трет погодок.

Трите бодови не значат премногу за Атлетик Билбао кој котира на средината од табелата, додека „жолтата подморница“ ја изгуби петтата позиција. 

OhridNews