Еден од најтрофејните фудбалери во светот на клупски и репрезентативен план Чави Хернандез по завршување на сезоната најверојатно ќе замине од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во америчката МЛС лига.


Легендарниот фудбалер на Барселона направи ретроспектива на својата кариера и жали само поради тоа што нема играно во дресот на Атлетик Билбао во шпанската Ла Лига.

– Не сум криел никогаш дека ми се допаѓа Билбао. Градот често го посетувам кога сум на одмор, а луѓето кога ќе ме препознаат секогаш ме поздравуваат иако настапувам за Барселона. На стадионот исто така добиваме голема поддршка и се чувствувам како цел живот да го имам минато во Баскија, а не во Каталонија. Многу ми е криво што немав можност две-три сезони да поиграм за екипата на Атлетик. – рече Чави.

Тој во својата клупска кариера има освоено седум титули во Примера, три во Лигата на Шампиони, а круна во неговата блескава кариера се трофеите со шпанската селекција од ЕП во 2008 и 2012 и СП 2010.

Мх.П.