Купот на Шпанија ќе добие нов шампион откако Атлетико Мадрид го елиминираше актуелниот првак Реал Мадрид во осминафиналето.


Во реваншот на Сантијаго Бернабеу „црвено белите“ ремизирајќи 2-2 успеаја да ја задржат предноста стекната од првиот натпревар 2-0 и со вкупни 4-2 се пласираа понатаму.

Дека ќе биде во знакот на „црвените“ повратникот во екипата Фернандо Торес наговести во првата минута погодувајќи за водство 1-0. За „кралевите“ следуваше уште еден шок откако Торес погоди по втор пат сега за 2-1 по изедначувачкиот погодок на Серхио Рамос.


Во вториот дел „лос бланкос“ преку Кристијано Роналдо изедначија, но немаа сила за победа која ќе ги одведе во осумте најдобри.

Мх.П.