Атлетико Мадрид освои значајни три бодови на гостувањето во Бетис победувајќи го домаќинот со минимални 1-0 во 12-та рунда од шпанската Ла Лига.
Со победата на „зелено белите“ фудбалерите на Атлетико Мадрид го поминаа градскиот ривал на табелата кој претрпе убедлив пораз во „Ел Класико“.
Стрелец на победничкиот погодок беше Коке во седмата минута од натпреварот. „Јорганџиите“ имаа уште неколку изгледни прилики за погодок, но Ентони Гризман немаше свој ден.
Резултати : Спортинг – Леванте 0-3, Виљареал – Еибар 1-1, Гранада – Атлетик Билбао 2-0, Бетис – Атлетико Мадрид 0-1.
Табела : Барселона 30, Атлетико М. 26, Реал М. 24, Виљареал 21, Селта Виго 21…
Мх.П.











