Шампинот на Шпанија, Атлетико му одржа час по модерен фудбал на Европскиот и Светскиот првак, Реал во градската пресметка совладувајќи го 4-0.
Домаќините до победата вкупно четврта сезонава во дуелите со лутиот ривал стигнаа на фуриозен начин.
Мрежата на Икер Касилјас ја тресеа Тијаго и Саул Нигуез во првиот односно Де Гризман и Манџукуќ во вториот дел за убедлива победа.
Резултати : Атлетико – Реал Мадрид 4-0, Вилјареал – Гранада, Леванте – Малага, Реал Сосиедад – Селта Виго.
Мх.П.