Атлетико Мадрид во финалните три мечеви од шпанската Ла Лига ќе биде без Диего Симеоне на клупата кој доби три натпревари суспензија за исклучувањето на дуелот со Малага.


Аргентинецот при еден контра напад на Малага уфрли втора топка, што предизвика мал хаос на теренот. Откако акцијата заврши главниот судија го острани од аут линијата и го испрати на трибините. Дисциплинците во Шпанија го суспендираа три мечеви и без него на клупата „јорганџиите“ ќе атакуваат на титулата. 


Атлетико Мадрид и Барселона со ист број на бодови, а Реал Мадрид со еден помалку влегуваат во трите мечеви по кои ќе се одлучи шампионот во Шпанија.

OhridNews