Атлетико Мадрид во финалето во Лигата на Европа против францускиот Олимпик Марсеј ќе биде без заштитниот знак на клупата Диего Симеоне, откако аргентинскиот стручњак доби драстична суспензија од УЕФА за исклучувањето на дуелот со Арсенал во Лондон во 1/2 финалето.

Симеоне остранет од теренот беше од францускиот арбитар Клемент Турпин после големите негодувања за црвениот картон на Врсаљко. УЕФА немаше милост кон харизматичниот Аргентинец казнувајќи го четири натпревари и 10 000 евра.

Стратегот на „јорганџиите“ одработи еден од четирите натпреварите суспензија, бидејќи реванш натпреварот со „топчиите“ во Мадрид го проследи стоејќи на трибините на Ванда Метрополитано стадионот. Неговите избраници победија со 1-0 и со вкупен резултат 2-1 се пласираа во мечот за златен медал.

Големото финале во најмасовното клупско натпреварување во Европа се игра на 16 мај во Лион.

OhridNews