Атлетико Мадрид после точно педесет години ќе го напушти Винсенте Калдерон и ќе се пресели на новиот стадион Ванда Метрополитано.


Кинеската групација „Далијан Ванда“ е главниот инвеститор во новиот стадионот, кој ќе има капацитет од 67 000 гледачи.


„Јорганџиите“, првиот меч на Винсенте Калдерон го одиграа во далечната 1966 година, а пред тоа играа на стадионот Метрополитано.


Токму поранешниот дом на „атлети“ е инспирација за името на новиот фудбалски храм кој се гради според најновите стандарди.

OhridNews