Екипата на Атлетико Мадрид го понижи градскиот ривал Реал Мадрид совладувајќи го (7-3) во мечот од рамките на Интернационалниот куп на Шампиони.

„Јорганџиите“ безмилосно ја полнеа мрежата на „кралевите“ кои (ќе) имаат доста што да променат до официјалниот почеток на новата сезона во Примера и ЛШ.

Атлетико Мадрид до 50-та минута постигна неверојатни шест погодоци. На четири од нив стрелец беше Диего Коста, а по еден реализираа Жоао Феликс и Анхел Кореја. Реал Мадрид со голот на Начо Фернандез намали на 6-1, а за 7-1 погоди Витоло. Во последните пет минути Реал Мадрид реализираше голови преку Карим Бензема и Хавиер Хернандез и избегна дебакл, но срамниот пораз останува.

OhridNews