Најскапиот фудбалер во клупската историја на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, денеска, имаше официјално промоција на Ванда Метрополитано стадионот. Португалецот во Мадрид се пресели од Бенфика за неверојатни 126 милиони евра.

- Возраста влијае на некои работи, но јас ја имам потребната зрелост за да се справам со притисокот и знам како е да си во врвен тим. Сите велат дека имам 19 години, но дека изгледам позрел, така што нема да има проблеми. Секој сака да игра во најдобрите тимови на светот, а Атлетико е таков тим. Имав шанса и ја искористив. Секогаш ја следев шпанската лига и секако, Атлетико. – изјави Феликс.
Феликс рече дека зборувал со Кристијано Роналдо и оти сакал да остави свој печат во шпанската Ла лига исто како неговиот сонародник во градскиот ривал Реал. Виновник за трансферот Феликс го посочи тренерот Диего Симеоне, кој е заштитен знак и голем миленик на навивачите.
OhridNews











