Во летниот преоден рок Атлетико Мадрид ќе проба да го ангажира Стеван Јоветиќ кој не се снајде најдобро во Интер.
Јоветиќ на Џузепе Меаца настапува како позајмен фудбалер од англискиот премиерлигаш Манчестер Сити кој пак по секоја цена сака да се ослободи од Црногорецот.
Шпанскиот тим за репрезентативецот на Црна Гора имаат подготвено понуда од 16 милиони евра која „граѓаните“ најверојатно ќе ја прифатат.
26-годишниот фудбалер добро ја започна сезоната во Интер, но паузираше поради формата и до сега не ја врати формата од стартот на сезоната.
По завршувањето на сезоната и Адем Љајиќ ќе го напушти Интер и ќе се врати во својот клуб Рома.
OhridNews











