Европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид го засили нападот со Кевин Гамеиро кој на Винсенте Калдерон доаѓа од тимот на Севиља.


„Јорганџиите“ за Гамеиро на Севиља и исплатија 32 милиони евра, а со клубот од Мадрид фудбалерот потпиша четиригодишен договор.

Францускиот репрезентативец во составот на Атлетико Мадрид ќе го пополни местото на Вието кој пак трансферираше во редовите на Севиља.

29-годишниот фудбалер во тимот од Андулузија се пресели од ПСЖ во 2013 година, а претходно настапуваше за Лориент и Стразбур.

OhridNews