Составот на Атлетико Мадрид ја засили последната линија во екипата ангажирајќи го репрезентативецот на „гордиот албион“, Кериан Трипиер од редовите на англискиот премиерлигаш Тотенхем.

„Јорганџиите“ во име на оштета на Тотенхем му исплатија, а фудбалер потпиша тригодишен договор со тимот. Интересен е фактот што Трипиер е првиот Англичанец кој ќе заигра за Атлетико Мадрид.

Англискиот репрезентативец веднаш и се приклучи на екипата и го одработи првиот тренинг под палка на аргентинскиот стратег Диего Симеоне.

Атлетико Мадрид доста е активен овој летен трансфер преоден рок доведувајќи фудбалери речиси во сите линии од тимот. Најзвучно и најскапо е засилување Жоао Феликс, кој во Мадрид се пресели за 120 милиони евра.

OhridNews