Екипата на Виљареал се протна меѓу четирите водечки на табелата со триумфот над Атлетико Мадрид (3-0) пред своите гледачи во последниот меч од 15-та рунда во Ла Лига.


„Јорганџиите“, продолжија да играат во променлива форма, а тоа многу добро го искористија домаќините постигнувајќи два погодоци во првиот дел.

Во 28-та минута резултатот го отвори Мануел Тригерос, а десет минути подоцна водството го дуплираше Џовани дос Сантош.

Атлетико во продолжението од натпреварот не успеа да направи поконкретна прилика и да го загрози голот на домаќините кои со голот на Соријано во финишот ставија печат на победата. 


После овој пораз четата на Диего Симеоне падна на 6-та позиција со бод заостатокот од Виљареал кој се искачи на 4-то место.

OhridNews