Шпанскиот Атлетико Мадрид и францускиот клуб Олимпик Марсеј ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на Европа, кое ќе се одигра на стадионот во Лион.
„Јорганџиите“ со минимален домашен триумф (1-0) и со вкупен резултат 2-1 го елиминираа лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Творец на победата вредна финале за шпанците беше Диего Коста. Со елиминацијата во 1/2 финалето паднаа во вода сите надежи на Арсенал за пласман во ЛШ. За потсетување, победникот во ЛЕ обезбедува директен пласман во ЛШ.
Билетот за финалето екипата на Олимпик Марсеј го обезбеди после 120 минути игра, откако во регуларните 90-те Салзбург успеа да ја надохнади негативата 2-0 од првиот натпревар. Во 116-та минута Роландо постигна погодок за Олимпик Марсеј кој беше доволен за финале против Атлетико Мадрид.
Финалето во Лион се игра на 16 мај.
OhridNews