Голгетерот на Наполи и аргентинската репрезентацијата, Гонзало Игуаин е на врвот од трансфер желбите на европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид.


„Јорганџиите“ за сезоната која доаѓа прават конкурентен тим, а со ангажман на најдобриот стрелец во Серија А сигурно и ќе бидат таков.

Атлетико Мадрид на Наполи ќе му плати 50 милиони евра, колку што е откупната клаузула за Аргентинецот и ќе ги испрати во Италија, Фернандо Торес и Лусијана Вието.

Првиот човек на „азурите“, Де Лаурентис одбиваше неколку понуди од европските гиганти, но оваа по се изгледа ќе ја прифати.

Игуаун три години го носи дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи и во 104 меча има постигнато 70 голови.

OhridNews