Атлетико Мадрид ремизираше 2-2 пред своите гледачи против нискологашот Хоспиталет во 1/16 финалето од Копа дел Реј.


Шпанскиот шампион помина во осминафиналната фаза благодарение на победата од првиот меч (3-0), но ремито на Винсенте Калдерон е непростлив кикс на „јорганџиите“.

Ни од далеку „црвено белите“ не се таа екипа, која минатата сезона беше вистински хит во Шпанија и Европа.

Резултати : Атлетико Мадрид – Хоспиталет 2-2, Елче – Ваљадолид 1-0, Атлетик Билбао – Алкојано, Малага – Депортиво ла Коруња.

Мх.П.