Шпанскиот состав Атлетико Мадрид се искачи на тронот во Лигата на Европа победувајќи го Олимпик Марсеј со 3-0 во финалниот натпревар кој се одигра во Лион.

На „белите“ во финалето им пресуди францускиот репрезентативец Ентони Гризман кој постигна два од трите погодоци. Првиот погодок на Гризман оди на душа на потесната одбрана која погреши, додека вториот беше вистинско ремек дело, а печат на победата стави Габи. Олимпик Марсеј се соочи со голем проблем во текот на финалето, откако после триесет минути игра се повреди Димитри Паје и ја напушти играта. 

„Јорганџиите“ со триумфот во финалето стигнаа до третата титула во историјата во Лигата на Европа, додека французите ќе мора да почекаат друга прилика за прв трофеј. Европските мечеви сезонава ќе завршат со финалето во Лигата на Шампиони помеѓу Реал Мадрид – Ливерпул.

OhridNews