Атлетико Мадрид започна сериозни преговори со Манчестер Јунајтед за услугите на шпанскиот репрезентативец Хуан Мата.


Евентуалното назначување на Жозе Мурињо за менаџер на „црвените ѓаволи“ ќе значи карта во еден правец за Мата.

Португалецот еднаш веќе постапи така со шпанскиот репрезентативец откако по втор пат го презеде кормилото на Челси.

Таквата ситуација „јорганџиите“ сакаат да ја искористат и уште пред завршувањето на сезоната да го обезбедат првото засилување за следната сезона.

Мата на Олд Трафорд се пресели зимата 2014 година, за тогаш рекорден трансфер во зимскиот преоден рок.

OhridNews