Актуелниот првак во Шпанија, Атлетико Мадрид во екот на оваа сезона веќе мисли на другата и подготвува трансфери на две премиерлигашки ѕвезди.


На радарот од „јорганџиите“ се Санти Кацорла од Арсенал и членот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.

Фудбалерот на Арсенал прифатил преселување во Шпанија, а сега се зависи од Арсен Венгер, кој одлучува за заминувањето на играчите.

Атлетико за доведување на Мата ќе треба да се помачат и да испратат богата понуда бидејќи шпанскиот репрезентативец за 34 милиони фунти ги засили „ѓаволите“ од Челси.

Ohridnews