Тимот на Атлетико со 2-0 го совлада градскиот ривал Реал во првиот натпревар од осминафиналето во шпанскиот Копа дел Реј.
Двата погодоци домаќините ги постигнаа во вториот дел и тоа преку Раул Гарсија од пенал и Хорхе Хименез со глава од корнер.
На мечот меѓу ривалите дебитираше и Фернандо Торес, кој одигра 59 минути и беше заменат со Коке.
Резултати : Виљареал – Реал Сосиедад 1-0, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 2-0, Алмерија – Гетафе, Валенсија – Еспањол.
Мх.П.