Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјавил дека Фернандо Торес ќе биде во стартниот тим на натпреварот со Реал во Купот на Кралот.
Торес по седум ипол години во понеделникот официјално се врати во Атлетико, на „Винсенте Калдрон“ тој ќе настапува како позајмен играч до јуни 2016 година.
„Торес ќе дебитира во среда на натпреварот со Реал, тој ќе ни биде потребен на овој меч. Многу е среќен што се врати овде. Тренираше редовно во Милан, таму одигра десет натпревари, трнираше со нас од доаѓањето во Мадрид, ќе биде стартер. Доколку не мислев дека е подготвен немаше да сметам на неговите услуги“, рекол Симеоне.
Натпреварот во Купот на Кралот помеѓу градските ривали Атлетико и Реал ќе се одигра на „Винсенте Калдерон“, во среда со почеток во 21 часот.
„Макфакс“