Согласно календарот за натпревари за 2012 година утре во Охрид ќе се организира Атлетски митинг Отварање на сезона.

На митингот кој е во организација на Атлетска федерација на Македонија и техничка организација на АК Охрид, право на учество имаат сите регистрирани натпреварувачи  во АФМ со задолжителен лекарски преглед, и претходна пријава од страна на клубот.

Ќе се натпреваруваат во следните дисциплини:
Мажи: 100м, 400м, 1000м, 5000м ,  ѓуле, копје, диск,  далечина, височина
Жени: 100м, 400м, 800м, 3000м . ѓуле, копје, диск,  далечина, височина, трискок.

Ohridnews