Огромната желба, три илјадната публика , прекрасната атмосфера , сепак не  беа доволни со слабата судиска двојка  да се совлада одлично организираниот противник , кој го искористи падот на концентрацијата во нашата игра и не казни за нерализираните пенали .
    
Како и што вети Вујовиќ пред почетокот на СП така и беше. Момците на натпреварот со фаворитот Шведска  гинеа за секоја топка, но го платија данокот на неискуството , а и среќата ни го сврте грбот.


„Билјанини извори“ исполнета до последно место

На самиот почеток ориентацијата на Вујовиќ беше да се успорат „викинзите“,  а во голема мера и успевавме да го сториме тоа. Првото водство го имавме во 5-та мин 3-2, а во 10 мин имавме 4-3 , но  ако успеавме да ги анулираме бековите немавме решение за крилото Бакстором кој ја со стопроцентна реализација ја полнеше нашата мрежа  и само благодаерние на голманот Митрески по 20 мин игра бевме во негатива од -1.         
    
Понесени од Маркоски повторно се вративме во водство и со играч помалку дојдовме до 9-8 , во финишот падна концетрацијата а швеѓаните преку Бакстром кој имаше 7/8 реализација заминаа на одмор со водство 13-12 .


Шведска и поискусна и посреќна

По советите на полувремето ги стигнавме швеѓаните на 15-15 но уште еден `бланко` период во нашата игра и по десет мин во вториот дел „викинзите“ со 4-0 серија се одлепија. Период на игра во кој ништо не им поаѓаше од рака на црвено –жолтие, прво Левов потоа Симовиќ не реализира седмерци (вкупно 2 од 6 ).

Но тука започна драмата во „Билјанини изворо“. Со враќањето на терен на Пецаковски и Вукчевиќ,  Вујовиќ ги отвори сите карти и на 10 минути  пред крајот стигнавме на 23-24 .На 5 минути пред крајот имавме шанса да го завртиме натпреварот во наша корист но Симовиќ не реализираше `зицер` кој на крајот скапо не чинеше .

По пропуштената шанса „викинзите“ со помош на судиите се одлепија на пристојна разлика која ја одржаа до крајот на натпреварот. Македонија – Шведска 27:30. Штета ! 


домаќинот разочаран

На прес конференцијата по завршувањето на средбата селекторот Вујовиќ не го криеше разочарувањето. „Знаевме дека Шведска е фаворит но се надевавме дека можеме да ја совладаме. Загубивме сила и концетрација во клучните моменти кога можевме да направиме пресврт. Промашивме доста пенали и тоа на крај не чинеше пораз, но и покрај тоа момчињата не заслужија вака лошо судење“, оцени ВУјовиќ. Тој изрази надеж дека Македонија ќе ги добие преостанатите два натпревари во групата против Португалија (вечерва во 21ч.) и против Кувајт, и ќе обезбеди пласман во наредната фаза.

Селекторот на Шведска Хенрик Шнајдер рече дека натпреварот бил тежок, но дека неговите избраници не подлегнале на притисокот од публиката и со цврста одбрана и брзи контри успеале да триумфираат.

Мирко Постоловски