Атмосферска канализација и хидрантска мрежа се поставуваат во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Какo што информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на Фејсбук профилот екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација, додека екипи на ЈП „Водовод“ на поставување на хидрантска мрежа.

Должината на трасата за атмосферската канализација изнесува 342 метри, а се поставуваат цевки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари. Вредноста на зафат за поставување хидрантска мрежа изнесува околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов прикличок на вода изнесува околу 500 000 денари. Сите овие средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, се наведува во објавата.

По завршувањето на овој зафат следува партерно уредување на училишниот двор, со кој проект опфатено е изградба на ново мултифункионално игралиште, училници на отворено, ново осветлување, уредено дворно место, а вредноста на зафатот согласно проектот предвидено е да изнесува околу 14 000 000 денари.

Претходно во гимназијата локалната инвестираше во промена на старите и дотраени санитарни јазли, набавени беа нови клупи и столчиња. Во фаза сме на пред козерваторско одобрение за целосна внатрешна реконструкција на објектот. Во завршна фаза е поставувањето на уредувањето на оградата. Согласно нашите пресметки очекуваме севкупните градежни активности да финишираат до крајот на 2024 година и со тоа Охрид да добие уште едно модерно и функционално училиште, се додава во објавата.

OhridNews