По повод празникот Богојавление – Водици, хотел „Нова Ривиера“ Охрид, промовираше атрактивен пакет аранжман. Ноќевање со доручек за двајца во двокреветна соба на 18,19 и 20 јануари, ќе чини само 119 евра, а за 2 ноќевања (18,19 јануари ) со доручек за двајца во двокреветна соба ќе чини 89 евра.

Атрактивната понуда на хотел „Нова Ривиера“ е дел од традиционалната позитивна кампања на градот Охрид за претстојните богојавленски празници, кога охридските хотелиери и ресторатери ги намалуваат цените на услугите, со цел празнувањето на Водици во Балканскиот Ерусалим да биде подостапно за сите гости.

Повеќе информации за празничната пакет понуда на хотел „Нова Ривиера“ може да прочитате на следниот ЛИНК или на веб страната на хотелот www.novariviera.mk.

OhridNews