Животната сопатничка на Мауро Икарди, Ванда Нара лично (ќе) преговара со челниците на Арсенал за трансферот на сопругот во Лондон.


Капитенот на „нероазурите“ еднаш беше мета на „топчиите“, но поради големата оштетата (60 милиони) која ја бараа италијаните се откажаа.

Според италијанските медиуми, атрактивната сопруга на Икарди веќе е во Лондон и многу брзо се очекува краен епилог.

Сопругата воедно и менаџер на Икарди инсистира на заминување од Милано, а не се исклучува можноста Аргентинецот да премине и во Наполи за двојно поголема плата.

Икарди и неговата сопруга која порано беше во брак со Макси Лопез неколку пати ги наполнаа таблоидите поради начинот на кој започнаа и нивниот живот.

Некогаш неразделни пријатели сега „крвни“ непријатели 

OhridNews