Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план вон населено место за туристички комплекс на дел од туристичкиот локалитет Горица, Општина Охрид, за изградба на хотелски коплекс, со вкупна површина од 15.878.00 м², од што површина за градење е 6.667,60 м².
Почетната цена на метар квадратен е едно евро, а право на учество имаат физички и празвни лица.
Најповолниот понудувач ќе биде обврзан да изгради хотел од прва категорија со 5 ѕвезди, согласно ЕУ стандардите во рок пропишан со договорот што ќе го склучи со Министерството за транспорт и врски.
Ова е нов обид на државата да привлече инвеститор за изградба на елитен хотел во Охрид, откако од разни причини претходно пропаднаа неколку тендери.