Аптеките „ВИА ФАРМ“ кои се лоцирани во Вевчани, Лабуништа, Боровец, Октиси, Велешта, Подгорци и во Охрид во склоп на комплексот „Св. Ѓорѓија“, нудат исклучително поволна акција на своите купувачи.
Само во среда на 2-ри март 2016 година, ќе има промоција на брендот „Ацерола“ од Алкалоид. Со секое купено пакување од овој додаток во исхраната, следува уште едно пакување гратис.
Додатокот во исхраната „Ацерола“, кој е во вид на таблети за џвакање, е достапен во количества од 180 милиграми, 500 милиграми и 50 милиграми по пакување.
Таблетите од 50 милиграми се за деца до 6-годишна возраст, имаат пријатна арома и вкус на јагода, не содржат шеќер и вештачки засладувачи и се добри за детските заби, бидејќи не предизвикуваат кариес. Оние од 180 милиграми се за деца од школска возраст постари од 6 години, имаат вкус на портокал. Таблетите од 500 милиграми се наменети за возрасни, немаат додаден шеќер и вештачки засладувачи и имаат вкус на шумско овошје.
Според научните испитувања, растението ацерола содржи од 1 до 4,5 грама од витаминот Ц на 100 грама свеж плод, што е 32 пати повеќе од плодот на портокалот, односно 40 пати повеќе од плодот на лимонот. Витаминот Ц е неопходен за подобрување на имунитетот, особено во периодот на настинки и грип. Особено е значаен за децата, бремените жени и постарите лица.
OhridNews