Спроти одлучувачкиот втор круг од локалните избори во недела, на јавноста и се обрати и кандидатот за градоначалник на Охрид од НСДП, Ацо Попоски, кој освои најмногу гласови од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг. Попоски им се заблагодарува на поддршката на охриѓани и ги повикува во недела да излезат и да го дадат својот глас на фер избори, без при тоа да фаворизира некој од двајцата кандидати:

Ми причинуваше особена чест и задоволство пред сите Вас да го презентирам нашиот проект “Ацо Попоски и тим за Охрид” со визија и конкретни решенија за Охрид каков што го заслужуваат нашите граѓани.
   
Изразувам огромна благодарност кон граѓаните кои гласаа за нас и не подржаа во намерата за поинаков Охрид, го прифатија новото, и со својот придонес, не охрабрија уште посилно да се залагаме во нашите намери.
          
 Им се заблагодарувам и на оние кои ја препознаа визијата за модерен  Охрид (а не беа во мал број), но немаа  храброст  овојпат да го прифатат предизвикот за иднината.
            Во наредниот период, период на големи предизвици ќе е потребно  многу знаење и мудрост, а пред се визија.
            Затоа е потребна локална самоуправа која ќе биде спремна да се носи со новото време.
            Ве повикувам сите во недела на 05 април, како и на 22 март, да покажеме дека Охрид е спремен за фер избори.
            Ја користам ова прилика да Ве поздравам сите Вас, а на  кандидатите за градоначалничката функција им посакувам се најдобро.
            Ние сме тука, остануваме посветени на Вас, посветени на идејата и концептот Охрид да биде модерен град, а сите охриѓани , Охрид да го чуствуваат како „ГЛАВЕН ГРАД“, стои во обраќањето на Ацо Попоски.

Ohridnews