Кандидатот за градоначалник, Ацо Попоски и тимот за Охрид, во текот на вчерашниот ден остварија средба со граѓаните од населбата Билјанини Извори и Христо Узунов.
   
Во преполнетиот ресторан „Лихнид“ и во населбата Христо Узунов г-н Ацо Попоски уште еднаш ги потсети граѓаните од оваа изборна единица на планираните проекти, кои тој и неговиот тим планираат да ги направат за нивните населби, доколку ја добијат нивната доверба.


    
Јас сум реалист и оптимист како човек, а “лут” стопанственик по определба. Јас не превземам нешто за што претходно добро не сум размислил и не тргнувам во акција додека не одмерам какви ми се шансите за успех. Можеби затоа моите пријатели велат дека не познавам неуспех и можеби тоа и ги плаши моите конкуренти.   


   
Сето тоа важи и за мојата кандидатура за градоначалник на Охрид. Се вклучив во политиката бидејќи заклучив дека мора подобро и повеќе да се работи за својот град. Така настана и мојот слоган во кампањата: ЗА МЕНЕ ОХРИД Е ГЛАВЕН ГРАД!
   
За мене тоа не се празни туку многу обврзувачки зборови. Јас тоа го велам затоа што така и размислувам и така сакам и да работам -како градоначалник да направам за Охрид тоа што е неопходно, што морам и што умеам. Истакна Ацо Попоски, кому присутните граѓани му посакаа успех на претстојните избори.

Кандидатот за градоначалник на Охрид Ацо Попоски,  денеска ќе оствари средба со жителите на с.Подмоље, како и средба со граѓани во населба Рача.