Отварање на општината кон граѓаните, воведување едношалтерски принцип на работа за олеснување на процедурите за добивање  дозволи и други документи, можност за пополнување  барања и документи по пат на интернет, модернизација на јавните  комунални претпријатија по системот  48 часа и модерна интернет презентација на градот. Ова се само дел од плановите што ги најави кандидадтот за градоначалник на Охрид од НСДП, Ацо Попоски.


Ацо Попоски со конкретни планови за модернизација на општината

„Урбанистичките планови ќе бидат јавно достапни на интернет, граѓаните ќе имаат пристап до градоначалникот во секое време, а градоначалникот ќе дава редовен квартален извештај за трошењето на буџетските средства“ изјави Попоски и подвлече дека граѓаните ќе одлучуваат за одредени приоритетни проекти што ќе ги реализира локалната самоуправа.

Кандидатот за градопначалник Попоски, денеска беше во посета на општинската администрација.