Агенцијата за цивилно воздухопловство очекува во текот на летниот период воздушниот сообраќај во Македонија да
се зголеми за 30 проценти во однос на истиот период минатата година.

Оттаму  информираат дека е одобрен редот на летање за чартер превоз, со кој 10 нови авиопревозници, ќе оперираат кон летните туристички дестинации, како што се Барселона, Венеција, Рим, Хелсинки, Амстердам, Анталија и Бодрум. Авторизирано е и  означувањето на турскиот авиопревозник „Пегасус“  кој планира редовно да оперира на дестинации во Република Турција.

Инаку, во април годинава во однос на истиот месец лани
бројот на патниците во авиосообраќајот во земјата  се зголемил за 23 проценти, а на
прелетите за 25, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

OhridNews