Борусија Дортмунд на крилата од Пјер Емерик Аубамејанг го совлада Мајнц (2-1) во првата рунда од новиот шампионат во Германија.
Напаѓачот ги постигна двата голови кои му донесоа први бодови на „милионерите“ на бундеслигашката табела. Прво ја погоди мрежата во 17-та, а втор пат во 89-та минута. Во судиското продолжение гостите од Мајнц успеаја да постигна почесен погодок.
Пораз на стартот од новата сезона претрпе Шалке кој минимално (1-0) изгуби од Ајнтрахт Франкфурт. Александар Мејер во 68-та минута си постигна погодок во својата мрежа која го чинеше Шалке пораз на бундеслигашката премиера.
Резултати: Аугзбург – Волфзбург 0-2, Борусија Дортмунд – Мајнц 2-1, Ајнтрахт Франкфурт – Шалке 1-0, Келн – Дармштад 2-0, Хамбургер – Инголштад 1-1, Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен.
OhridNews