Германската компанија за автомобили „Ауди“ која е еден главните спонзори на Реал Мадрид ги поднови со нови автомобили фудбалерите на кралскиот клуб.
Најдобриот играч во екипата Кристијано Роналдо од Ауди доби најнов модел РС7 кој вреди околѕ 150 000 фунти. Капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос го вози најскапиот автомобил (Р8-спајдер) вреден 200 000 фунти.
Велшкиот репрезентативец Герет Бејл го доби најновниот модел на познатиот џип „Кју 7“, додека тренерот Зинедин Зидан РС6 моделот.
Дел од останатите играчи имаа можност да го пробаат болидот на Ауди со кој се натпреварува во Формула Б шампионатот.
OhridNews