Фудбалерите на Борусија Дортмунд осамнаа на дното од табелата во Бундес лигата откако пред своите гледачи претрпеа пораз 1-0 од Аугзбург.


Победничкиот погодок гостинските фудбалери го постигнаа во 50-та минута, а од 64-та играа со играч помалку. Но, ниту тоа не им помогна на „милионерите“ да стигнат барем до реми.


Резултати : Дортмунд – Агузбург 0-1, Келн – Штутгарт 0-0, Херта – Леверкузен 0-1, Хофенхајм – Вердер 1-2, Падерборн – Хамбургер 0-3.

Мх.П.