Неизвесноста за вицешампионската позиција во Бундес лигата продолжува, откако Борусија Дортмунд пред своите гледачи ремизираше (1-1) со тимот на Аугзбург во последниот меч од 24-та рунда во германскиот шампионат.

„Милионерите“ поголем дел од мечот имаа ветувачки резултат после водечкиот погодок на Марко Ројс во 16-та минута. Гостите до значајниот бод на Сигнал Идуна Парк стигнаа со голот на Дансо во 73-та минута од натпреварот. Домаќините притиснаа, но од неколкуте прилики не успеаја да реализираат една и да стигнат до победа.

Разликата помеѓу Борусија Дортмунд кој е второпласиран на табелата и шестопласираниот Лајпциг е три бодови и останува трката отворена за трите места кои водат директно во Лигата на Шампиони.

OhridNews